Емисиите од работата на Цементарница УСЈЕ се под граничните вредности

Од 2007 година, емисиите на Цементарница УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи.

Компанијата не е во можност на каков било начин да влијае врз резултатите. Производството запира доколку филтрите не работат. Технолошкиот процес оневозможува работа на погонот без работа на филтрите, велат од компанијата. 

Цементарница УСЈЕ не влијае врз зголемување на присуството на PM10 честички во воздухот Паралелното мерење на амбиенталниот воздух (PM10 честички) во кругот на Цементарница УСЈЕ не покажува меѓузависност со состојбите со амбиенталниот воздух измерени на други мерни станици, надвор од цементарницата.

Работењето на компанијата постојано е следено од страна на Државниот инспекторат за животна средина.

Кога печките на Цементарница УСЈЕ работат, тие работат 24 часа Цементарница УСЈЕ поради технолошки и деловни причини работи во текот на целото денонокие. Печките или работат континуирано (24 часа) или не работат.

Поради поголемата сезонска побарувачка на цемент, производството е поголемо лете, отколку зиме, велат оттаму.