Експлозија во Волково: Маж со изгореници итно во болница

Во 10.30 часот во текот на вчерашниот ден, д страна на бригадата за противпожарна единица, било пријавено дека околу 09 часот и 30 минути во селото Волково, скопско, на улицата „70“ се случила експлозија во една од собите на горниот кат од куќата на 60-годишниот Ѓ.Ч.

 До експлозијата најверојатно дошло од вклучена греалка во чија близина имало плинска боца од три литри од која истекувал плин, по што настанал и пожар. Скопјанецот при обид да го изгасне пожарот, се здобил со изгореници од прв и втор степен во пределот на главата и дветте раце. Истиот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен на пластична хирургија при Ургентен центар Скопје, каде бил задржан за следење на здравствената состојба.

За време на експлозијата на долниот кат биле снаата и внуката кои не биле повредени.

Од пожарот целосно била оштетена само една соба во која изгорел инвентарот, како и носечка дрвена конструкција од покривот.