Еколошка инспекција со дрон во Карпош (ВИДЕО)

Државниот инспекторат за животна средина се приклучува кон европските колеги од мрежата Импел (IMPEL), кои користат т.н. паметни алатки во функција на поголема ефикасност на инспекциските надзори.

Првото снимање со дрон е направено на 29 јануари во скопската општина Карпош, кај Момин Поток и Градскиот парк.

 „Снимањето ќе продолжи на територијата на целата држава во сите три области: вода, природа и животна средина“, велат од инспекторатот.

Од таму напоменуваат дека сите снимки ќе бидат јавно достапни преку видео и слика со цел подобрување на состојбата на животната средина во целата држава.