Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре, 30.11.2022 година (среда) поради реконструкција на резервоарот во Копаница и поради полнење за пробно испитување на левите комори, прекинато водоснабдување ќе имаат населените места Копаница и Буковиќ.
Прекинот ќе биде од 09:00 часот до завршување на активностите.
Утре, поради водоводен приклучок од ф 80мм на ул.Христо Ботев бр.3 прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците од ул.Христо Ботев, Ташко Караџа,Бапчор и Трифун Хаџијанев од 09:00 часот до завршување.(Гази Баба)