Драма во Драчево: Жена нападнала маж со стаклен предмет и не му дозволувале да избега

Жена нападнала маж со стаклен предмет во куќа во скопско Драчево. 

Денеска во 10.00 часот во СВР Скопје, Ф.С.(31) од Скопје пријавил дека на 24.03.2024 околу 18.20 часот во домот на Е.Ѓ., на подрачјето на Драчево, бил физички нападнат од неа и Б.Д., а Е.Ѓ. употребила и стаклен предмет, а потоа не му дозволувале да го напушти местото и му се заканувале, соопштија од полицијата. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.