Љубителите на слатките ќе го обожаваат овој здрав десерт.
Photo by Lala Azizli on Unsplash
Потребни се само неколку состојки и неколку минути за подготовка.
1 конзерва наут или пак домашно сварен наут
малку ореви или лешници
½ шолја билно млеко
3 лажици какао
3-5 урми
1 лажица мед или јаворов сируп
½ лажичка морска сол
1 лажица екстракт од ванила
Блендирајте ги сите состојки додека нутелата не стане доволно кремаста. Пробајте пред да ја завршите за да видите дали е доволно слатка. Ставете ја во тегла и чувајте ја на темно место.