Домаќински доручек или вечера: Брза пита со павлака

Лесно и брзо се подготвува, а уште побрзо се јаде!

Состојки:

500 гр кори

2 лажици маст

5 лажици млеко

Состојки за фил:

1 лажичка сол

2 павлаки

1 кисело млеко

1/2 кесичка прашок за пециво

Начин на подготовка:

Со миксер разматете јајца, додајте ги останатите состојки – сол, павлака, кисело млеко и прашок за пециво, па измешајте со лажица додека не добиете изедначена смеса. Оставете го филот на страна. Со миксер разматете маст и млеко убаво да се соединат.

Земајте една по една кора и мачкајте ги со маст (ставајте мала количина), па преку тоа 2-3 лаживи фил, виткајте ги корите во ролат, па редете ги во круг.

Кога ќе завршите, сè премачкајте со малку маст и остатокот од филот. Ставете ја питата во претходно загреана рерна на 220 степени и печете додека не порумени. Кога ќе ја извадите од рерна, додека е жешка, премачкајте ја со кислеа павлака и оставете ја да се излади. Послужете со јогурт.