Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не можат да работат зашто се пишале Бугари

Доктори од Македонија, кои завршиле медицина во Бугарија, не можат да си добијат работа кај нашиот источен сосед затоа што немале документ за бугарско потекло.

Бугарската фондација „Македонија“ објави дека докторите се запишале и студирале медицина на бугарските универзитети врз основа на бугарско потекло, иако немале документ за истото и поради тоа е создаден проблемот.

- Доктори од Македонија кои завршиле во Бугарија врз основа на бугарско потекло биле одбиени во барањата за престој во државата. Ова е државен хаос кој не ѝ носи ништо на Бугарија во односите со Македонија, објави фондацијата.