Добра вест за пензионерите: Еве за колку повисоки пензии ќе добијат во септември

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во неодамнешното гостување на МРТВ истакна дека 330 000 пензионери се опфатени со новата Методологија за постојан раст на пензиите која што овозможува пензијата да се усогласува 2 пати годишно согласно 50% од порастот на трошоците за живот и 50% од порастот на просечната плата.

Таа истакна дека ефектите од измените од законот за пензиско осигурување, пензионерите ќе ги воочат на крајот од септември кога ќе добијат од 7 до 10 проценти повисока пензија од моменталната. 

„Една од првите задачи кога дојдов како министерка беше измената на Законот за пензиско и инвалидско осигурување со кој што се регулирани пенизиите. Заедно со Сојузот на здруженијата на пензионери и Партијата на пензионери во Република Северна Македонија преку социјален дијалог дојдовме до измени на законот со цел подобрување на животот и статусот на пензионерите во нашата држава“ рече Тренчевска.