Девојка прободена со нож пронајдена на улица во Аеродром

Три лица се лишени од слобода откако физички нападнале девојка, а потоа еден од нив ја прободел со нож, велат од СВР Скопје.

- На 11.10.2023 околу 23.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје, со повреда од остар предмет била пронајдена Л.Х.(29) од Скопје, по што била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Според пријавеното, три лица ја нападнале, а едно од нив ја повредило со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението на МВР.