Дете прегазено на „Варшавска“ во Карпош

Сообраќајна незгода во која настрада дете се случила денеска на една скопска улица. 

Како што информираа од МВР, денеска во 11:25 часот, на улица „Варшавска“, во близина на училиштето „Јан Амос Коменски“ во Карпош, возило марка „хјундаи“ удрило во малолетник. Детето со повреди било пренесено во комлексот клиники „Мајка Тереза“. 

За овој настан алармираше и една скопјанка која го обвини градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски за немањето соодветна сообраќајна сигнализација во овој дел од општината.