Детали од незгодата кај Катланово: Едно лице загина, а друго е повредено

Вчера се случила сообраќајна незгода на автопатот Велес-Скопје, во која животот го загуби едно лице, а друго е повредено.

- На 26.06.2023 во 16.46 часот било пријавено дека на автопатот Велес-Скопје, после влезот во тунел Стража-Катланово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген дока“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(26) од с.Цветово, скопско и мотоцикл „хонда“ со унгарски национални ознаки, управувано од Ц.Б.(70) од Р.Унгарија, соопшти МВР.

Како што информираат од МВР, на местото на несреќата починал мотоциклистот, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош. Со телесни повреди се здобила сопатничката Ц.Т.В.М.(68) од Р.Унгарија, констатирани во Општата болница Велес.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.