Денеска ќе се сечат дрвја и ќе се кастрат гранки во Аеродром

Од Град Скопје информираат дека по барање на околните жители и Општина Аеродром, екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска на улицата „23-ти Октомври“ (поранешна Владимир Комаров) на потегот од зграда број 7 до зграда број 15, ќе извршат сечење на две дрвја и кастрење на гранките на дванаесет дрвја.

Дрвјата за сечење се стари и суви и претставуаат опасност по безбедноста на граѓаните и нивните имоти, а на другите дрвја ќе се сечат сувите гранки кои паѓаат на пешачките патеки и паркингот.