Во Тафталиџе се сечат дрвја за да никне зграда

Во Тафталиџе за да се изгради уште една нова зграда, се сечат дрвја. 

На ваквата појава граѓаните се секогаш револтирани. 

Од ветувањата во Карпош за грижење на зеленилото и за квалитетот на животот на карпошани останаа само празни зборови, а делата на градоначалникот говорат нешто сосема спротивно, ова го пишуваат револтираните граѓани на социјалните мрежи. 

-Баш е фино кога општината се грижи за зеленилото и за квалитетот на живот на своите граѓани, велат тие. 

-Чума поморија, најмалку 10, 30-сет годишни дрва на Булеварот Теодосиј Гологанов, кај Веро во Тафталиџе!!!

-Кај сте паркобрани! Или – НЕМА КЕШ, НЕМА ПАРКОБРАНИ!!!, пишува на својот Фејсбук статус актерот Роберт Вељановски.