Делови од Скопје денес и утре без струја

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека в недела на 23 декември поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија во период од 09:00 до 16:00 часот ќе останат дел од корисниците од улица 50 Дивизија, поточно од улица Герман до поранешна „Галија“ во општина Центар.

Додека, пак, в понеделник или на 24 декември, како што посочија од ЕВН во период од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе останат дел од корисниците од дел улица Козле 3 во општина Карпош, како и корисниците од дел од улицата Нерешка исто така во општина Карпош и тоа во период од 09:00 до 14:00 часот.

Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа без струја во период од 09:00 до 11:00 часот ќе останат и дел од корисниците од улицата Жарко Зрењанин – непарни броеви од 173 до 187 во општина Кисела Вода.