Без струја и вода денес ќе останат неколку скопски населби

Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека поради зафат на водоводната мрежа во близина на пумна станица Жданец, прекинато водоснабдување денес ќе имаат корисниците од населбите Жданец, Трнодол, Нерези и дел од ул.Козле (висока зона).

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од  09:00 часот до завршување со работните активности.

Од ЕВН Македонија информираат дека без електрична енергија, денес ќе останат следните населени места: 

во периодот од 08.00 до 10.30 часот, дел од село Кучевиште (општина Чучер Сандево)

во периодот од 09.00 до 10.30 часот, дел од корисниците од улица Жданец (општина Карпош)

во периодот од 09.30 до 15.00 часот, дел од корисниците од улица Леринска (општина Карпош)