Паркот на Франкофонија во Центар добива паметно осветлување

Во Паркот на Франкофонијата започна инсталирањето на Тип 3 светилки како дел од паметното осветлување на јавни површини во Општина Центар. Овие светилки не само што носат различен и декоративен дизајн, туку и се предвесници на технолошки напредок. Ќе бидат поставени во паркови, шеталишта, основни училишта, градинки и на други клучни локации. Вкупно 715 парчиња со моќност од 34W ќе ја осветлат општината.

Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека новите ЛЕД светилки се еколошки пријателски: без штетни материјали и UV зрачење, со долг животен век и намалена потрошувачка на електрична енергија. Тие се исто така лесни за рециклирање, помалку привлекуваат ноќни инсекти и се отпорни на вибрации и удари.

„Со ова паметно осветлување, Општина Центар ја докажува својата лидерска улога во иновациите кои носат директни бенефити за граѓаните. Со новото осветлување ќе се постигне заштеда до 70% на потрошувачката на електрична енергија и повеќе од 75% на трошоците за одржување на постојниот систем. Ова ЛЕД осветлување со технологија за автоматско димирање, кое се прилагодува на заоѓањето на сонцето, не само што носи заштеди, туку и отвора врати за нови инвестиции,“ изјави Герасимовски.

Дополнително, Тип 3 светилките ќе бидат инсталирани на споредни и резиденцијални улици, паркови, шеталишта, градинки и училишта. Инсталирањето на паметното осветлување го спроведува А1 Македонија, и ќе се одвива етапно според урбаните заедници.

Со оваа иницијатива, Општина Центар ја прави својата средина посигурна и поубава, додека ја промовира енергетската ефикасност и ја намалува еколошката отпечаток.