Делови од две скопски улици утре без вода

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека утре (четврток) поради дефект во шахта од 6/4 на ул. 50-та Девизија бр. 35 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците 50-та Девизија и Димче Мирчев.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување на интервенцијата.