David Guetta лично ве кани на спектакуларно шоу во арената „Филип Втори“ (ВИДЕО)

Македонската публика и публиката од целиот регион на 5-ти јуни ќе има единствена прилика да присуствува на досега најголемото шоу во историјата на Република Македонија, прво од овој тип по примерот на сите светски метрополи. Под франшизата Skopje Calling, со невидена светска продукција спектакуларно шоу ќе одржи една од најголемите глобални ѕвезди на денешницата.

Најголемиот хит мејкер на 21 век, неприкосновениот David Guetta лично ве кани на спектакуларно шоу во арената „Филип Втори“, преку видео кое вчера во текот на денот официјално беше објавено на неговата фан страни на социјалните мрежи.

Пред Guetta како специјален гостин ќе настапи Robin Schulz, еден од најактуелните диџеи во последниве неколку години и сигурно највртениот артист во последниве неколку месеци на сите светски радио станици. Тој во Скопје ќе изведе 90 минутен сет со најголемите денс хитови со кои ги освои светските топ листи, водечките фестивали и клубови ширум светот, како: „Prayer in C“, „Sun Goes Down“, „Sugar“, „Headlights“, „Show Me Love“, „Yellow“...

Видеото можете да го погледнете овде.