Даниловски: Пикот на нови случаи од ковид-19 помина на 23 јануари

Епидемиологот д-р Драган Даниловски во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 посочи дека пикот на бројот на случаи од ковид-19 поминал на 23-24 јануари, додека пак на смртните случаи бил на 3-ти февруари.

„Опаѓа и бројот на хоспитализации, сето тоа зборува дека полека стивнува епидемијата на коронавирусот кај нас. Имаме еден континуиран тренд на опаѓање“, вели Даниловски.