Дали сте знаеле дека и во сексот мора да се почитува бон-тон?

Она што луѓето го прават во својата спална соба останува таму. Иако тоа е совршено место за целосно опуштање и истражување на телата, тоа е и местото каде што може сè да тргне наопаку, ако не се придржувате до златните и непишани правила, односно до сексуалниот бонтон, кој повеќето луѓе гo познаваат.

Кои правила на бонтон однесување треба да ги практикувате?

Не лажете за ексклузивноста
Ако партнерот јасно ви дал до знаење дека сака моногамија, не е во ред да лажете и да прифатите таква врска, а да имате секс и со други. Праведно е да бидете фер.

Немојте да застанете на „Не застанувај"
Ако жената за време на сексот ви каже „Не запирај", „Не застанувај, продолжи", тоа значи дека е близу врвното задоволство, но во праска често се случува токму спротивното. Проблемот е тоа што токму тие зборови може да ја забрзаат работата или пак да наметнат притисок. Она најдобро што може да го направи мажот е да се исклучи и тогаш да размислува за нешто досадно и да не запира, а потоа да му дојде неговиот ред.

Не лажете за контрацепцијата
Ако жената каже дека зема антибеби пилули, логично е мажот да не пази толку многу. Секој разговор за контрацепцијата треба да биде 100% искрен, бидејќи носи огромен ризик.

Оралниот секс подразбира враќање на „услугата"
Егоизмот во кревет е една од најголемите мани кои човекот може да ги поседува. Непишано правило е дека оралниот секс треба да се возврати.

Миењето е задолжително
Ова се однесува и на жените и на мажите. Не мора да значи дека веднаш мора да истрчате до купатило, туку да водите грижа за редовната хигиена. Ништо не одбива како лош мирис и лоша хигиена.

Бидете малку поживи
Иако однесувањето „лежење како кукла" често се припишува на жените, ова правило може да се однесува и на мажите кои мислат дека жената ќе ја задоволат само се „зајачки секс", кој подразбира брзо мрдање надвор-внатре. Сексот треба да вклучува разновидни движења, пози и допири, како и ангажман од двајцата партнери.

Критиката не е добредојдена
Тоа не се однесува на сексот – техниката или слично, за тоа може секогаш да се разговара – туку за работите кое не се баш некои на кои можеме да влијаеме. На пример, не е во ред да му кажете на партнерот „пенисот ти е мал" или „градите ти се обесени" и слично. Ако некој не ви се допаѓа, немојте да имате секс, ако пак ви се допаѓа целосно препуштете му се.

Без префрлување
Ако сте од оние кои сакаат да ги користат двете „дупки" во сексот, важно е да ги смените кондомите пред префрлување или пак добро да се измиете. Во спротивно, работите би можеле да станат многу нечисти, а да не ги спомнеме и инфекциите поради различните бактерии кои се во аналниот и вагиналниот отвор.

Без туркање
Кај оралниот секс не треба да има насилно туркање. Не само што тоа предизвикува рефлекс за повраќање, туку навистина не е секси и може да доведе до одбивност.