Дали, кога и какво покачување на пензиите ќе добијат пензионерите?

Дали, кога и какво покачување на пензиите ќе добијат пензионерите? Оваа тема е особено актуелна деновиве во македонското општество.

ВМРО-ДПМНЕ преку собраниска процедура бара зголемување на пензиите за 20%, за што вчера поднесоа и законско решение.

-Со тоа цениме дека на примателите на пензија ќе им се помогне во периодот на криза, а нивните примања ќе бидат во склад со покачените трошоци за живот, велат од партијата.

Од СДСМ, пак, уверуваат дека раст на пензиите ќе има, но кога не се знае. 

-Како што веќе најави претседателот Ковачевски во своето експозе, следен чекор е големо покачување на пензиите. Во моментот се работи на модел и пресметки за точна сума која ќе значи силна поддршка за возрасните во услови на криза. Пензионерите се категорија силно погодена финансиски во време на пандемија и затоа Владата предводена од СДСМ ќе обезбеди значајна сума на средства за овие наши сограѓани, велат од СДСМ во денешното партиско соопштение.