Дали е на повидок нов хаос, приватните превозници со штрајк од 12 до 17 часот секој ден - Градот им должи пари од ноември месец

Приватните превозници на сите пакет линии Вестор Транс, Радос Компани, Јофи Бус од денес во 12 часот до 17 часот нема да возат поради тоа што Град Скопје им должи пари од ноември месец.

Се работи за линиите: 9,11,12,19,20,22,23,45,52,54,55,61,63 i 73-ка.

Иако долго време во јавноста се зборуваше дека јавниот превоз се соочува со проблеми и беше посочен проблемот токму со приватните превозници од Град Скопје и од ЈСП ја убедуваа јавноста дека нема никакви проблеми и дека сите плаќања се одвиваат со редновна динамика.

Ова не е прв протест на приватните превозници. Откако не им се исплаќаа парите тие се одлучија на целосен прекин на нивните услуги во ноември 2022 година и со штрајкови го искажаа своето незадоволство што кулуминираше со парализа на цел град поради блокада на главните сообраќајници од нивна страна. Градоначалничката Арсовска тогаш не попушти и ги нарече овие протести партизирани и кажа дека градот Скопје нема никаков долг кон нив што подоцна се покажа како неточно.

Приватните превозници и Арсовска најдоа компромис со тоа што тие формираа нови компании за превоз и се пријавија на повикот од страна на Градот на истите линии кои ги опслужуваа и претходно.