Дац се прости од Беличанец: Билјана беше мојот Петар Пан

Прераната смрт на актерката Билјана Беличанец- Алексиќ, која доцна синоќа беше пронајдена обесена во својот стан во Скопје ја шокираше актерската фела и воопшто Македонија. Покрај актерка, Беличанец во 2013-та година заплови и во политичките води кога стана градоначалник на општина Кисела Вода, функција која ја извршуваше се до пред две години.

-Билјана Беличанец беше мојот Петар Пан. Полетна како никој од нашата бранша, леташе високо со своите улоги и оддаваше цврстина на маж, но беше кревка, како кокиче. Замина во Недојдија…, напиша Дац на својот ФБ профил.