Да знаеш дека те лажеле...

Да знаеш дека те лажеле дека не си доволно добар и дека не заслужуваш повеќе и подобро.

Те лажеле дека така треба да биде и дека тоа е нормално, а воопшто не е...

Те лажеле дека не може поинаку, и дека светот така живее, а дека само таму некаде некои се родени под среќна ѕвезда. 

Затоа што воопшто не е до тоа...

Те лажеле за толку многу работи, но не со лоша намера, туку и самите не знаеле за подобро. Па можеби се треселе над тебе и се плашеле да не се разочараш и да не го доживееш најлошото.

А најлошо е да живееш затворен во шише, на сигурно, а всушност тоа е најризично, затоа можеби можеби така ќе го проживееш животот, а таков живот воопшто не е живот. 

Живот во кој нема вистинска радост, длабока исполнетост. Чувство дека имаш цел и цел спектар на емоции. Затоа што велат дека е подобро да не сакаш, за да не бидеш повреден. Подобро е да патиш секогаш на истата работа, отколку да се обидеш нешто поинакво... Подобро е да стоиш во место, затоа што далечините се непредвидливи....

А всушност најтешко е да се живее без некои работи... Без чувства, автоматски. Без возбудувања и сјај во очите. Без радост и љубов. Да живееш вршејќи предавство врз себеси. И дали си сигурен во тоа? Ти тоа најдобро го знаеш.

Сакаш да дочекаш старост со некој од кого уште сега го тргаш погледот?
Сакаш со материјални работи да надоместиш љубов која ја немаш?
Сакаш да си заминеш празен од овој свет?
Свесен дека си го потрошил животот за џабе.
Дека си потрошил години без да создадеш нешто трајно и си изгубил сѐ...

Живеејќи во сигурност, но без радост.

Затоа размисли, добро размисли... Затоа што уште имаш време да ги промениш работите.

Ива Брадариќ