Д-р Ненад Лазаров е пример дека човечноста, иако е ретка, сепак ја има! Тој, како сопственик на приватна здравствена установа која нуди и домашна посета како услуга, сподели дека оние кои не се во можност да платат, ќе добијат услуга бесплатно!
Како што вели д-р Лазаров, достоинството нема цена, па така на оние од ранливи категории им излегуваат во пресрет бесплатно.
Потегот несомнено е за најголем поздрав!
-ПЗУ Медика Вера - Домашна посета ја направив со една идеја и цел, пред се, да направиме таква услуга да биде достапна со пристојна цена, а паралелно со тоа да можеме излеземе во пресрет и помогнеме онаму каде е потребно а луѓето не се во можност да платат. Е сега сите учиме во од, па така и во оваа ситуација, научивме дека на луѓето од загрозени категории им е срам да побараат помош, иако ние не бараме никаков доказ за тоа дека не сте во можност да платите. Затоа од денес, ве молам, кој има потреба а не може да си дозволи, доволно е да се јави на 075 33 77 99 и да каже дека има потреба од "промотивен пакет" а ние без никакви дополнителни прашања ќе се потрудиме во најкраток рок да ви излеземе во пресрет бесплатно. Достоинството нема цена! За сите останати, цената е 1300 денари, сподели д-р Лазаров на својот Фејсбук профил.
.