Идентитетот се зачувува со наталитет, порачува Д-р Лазаров

Д-р Ненад Лазаров со интересно видување за актуелната политичка ситуација во земјава. 

-Наталитетот треба да се зголеми, деца да се раѓаат повеќе, така се зачувува идентитет, никако другачие! Створете услови за тоа, се друго е небитно, нема јазик, нема идентитет, нема ништо без луѓе. Само дневна политика, констатира тој во објава на својот фејсбук профил. 

-Од 2012 навака има константен пад на број на раѓања, а се повеќе починати на годишно ниво, барем да пробаме да се спасиме, да опстоиме, инаку џабе е се, вели д-р Лазаров.