Д-р Лазаров за сметот во Скопје: Ова веќе е прашање на безбедност

Д-р Ненад Лазаров со став за актуелната состојба во главниот град. Вели дека сметот е прашање на безбедност за граѓаните. 

- Лекари специјализанти по клинички вечерва дежураат во склоп на 24часа дежурство за кое не добиваат ниту денар, минимум 4 пати месечно.Со хонорар од 26.000 денари месечно, пациент никогаш не бил вратен и кога сме протестирале секогаш било 30 минути за паузата. Или мислите на пожарникари им е голема платата, или на полиција, или на војска, замислете било кој да суспендира таков сервис.Поддржувам дека треба да им се зголемат одма платите, но верувам и дека имаше и други начини на протест и штрајк заради сензитивноста на работата, вели тој во својата фејсбук објава. 

- Не знам кој е крив кој е прав понатака, но ова веќе е прашање на безбедност бидејќи замислете еден пороен дожд што ќе направи со ѓубрето, заклучува д-р Лазаров.