Цеца Ражнатовиќ утре со настап во Македонија

Популарната турбо фолк пејачка Цеца Ражнатовиќ викендов доаѓа во Македонија. Таа ќе гостува во Дојран, на веќе традиционалниот „Мандра Фестивал“.

На фестивалот во Дојран, вечерва ќе настапат Слаткар, Девито и Два Бона, додека утре покрај Ражнатовиќ публиката ќе ја забавуваат и Жаре Бербер и Дј Здравко.

Локацијата е на паркингот Гранит, а влезниците се по цена од 600 денари за една вечер или 1.000 денари за двата вечера.