Брза помош доби нови 12 возила, шест се за во Скопје

Министерството за здравство набави нови 12 возила на Итната медицинска помош. Возилата се опремени со најсовремена медицинска опрема. Шест од вкупно 12 амбулантни возила ќе бидат наменети за градот Скопје, додека пак останатите ќе бидат распределени во градовите каде што има потреба од нив, соопштија од Министерството за здравство.

При набавката на амбулантните возила Министерството за здравство заштедило 12 милиони и 240 илјади денари или околу 200 илјади евра. Постигнувајќи ја најниската цена, од предвидените 30 милиони и 500 илјади денари, за 12-те возила од буџетот на министерството, се издвоени 18 милиони и 300 илјади денари (без ДДВ).

12-те нови возила за Итната медицинска помош ќе бидат пуштени во употреба за неколку денови, откако тие ќе бидат регистрирани.