Братот на Мартин по кој се трага на Халкидики бара помош од македонската Влада и МНР

Братот на скопјанецот Мартин по кого се трага во морето кај Халкидики во соседна Грција, се огласи на социјалните мрежи.

Еве што пишува тој: 

-Јас сум братот на Мартин и упатувам голема благодарност до OFKAT екипата спасувачи и до Генералниот Конзулат во Солун кои изминатите три дена се заедно со нашето семејство во потрагата по нашиот Мартин. 

Мојата мајка и нашето семејство и пријатели сеуште веруваме и се надеваме дека Мартин е жив и ја чека нашата помош и затоа апелираме од Македонската Влада и нашето МНР да помогнат да се најде начин да продолжи потрагата по Мартин бидејќи според грчките закони потрагата од нив ќе заврши денеска на четвртиот ден. Затоа апелираме Владата да помогне и воедно молиме македонските граѓани да помогнат доколку се во можност, а за чија помош би можела Владата да организира некаква акција. Не смееме да дозволиме да се откажеме се додека не се пронајде Мартин. 

Ве молам шернувајте за да стигне постот до сите кои би можеле да помогнат во овие исклучително тешки моменти за нашето семејство.