Боки 13 излегува од затвор

Бојан Јовановски најдоцна за три дена ќе биде во топлиот дом. Ова следува откако Кривичниот суд ја прифати жалбата на неговите бранители дека тој е со нарушено здравје и дека му е потребно лекување.

Oдлуката сѐ уште не е правосилна и тој најдоцна до петок ќе биде пуштен од затвор 

На Боки му е изваден желудникот и тој се наоѓаше во предканцерогена состојба. Подолго време беше во болницата „Св.Наум Охридски“ каде беше лекуван. Судот донесе одлука за прекин на казната што значи дека времето поминато на слобода нема да му се пресмета во казната од девет години за случајот „Рекет“.

Во затвор Јовановски поднесе и неколку кривични пријави за познати бизнисмени, обвинители, политичар, но не е познато дали тие се прифатени од страна на Обвинителството.