Боки 13 хоспитализиран во Градска болница

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, е хоспитализиран во Градската болница во Скопје, каде што треба да биде извршена операција.

Од болницата велат дека операцијата е ризичина, а адвокатскиот тим обвини дека ова е последица на тоа што Боки 13 во затворот „Идризово“ не бил третиран согласно лекарските упатства.

- Оттука, произлегува фактот дека поради апсолутно и крајно непочитување на издадените задолжителни препораки и мислења на стручните колегиуми на државните клиники од страна на судските власти и Управата за извршување на санкциите, дојде до оваа непосакувана и ризична актуелна здравствена состојба на Бојан Јовановски, после која во најдобар случај и позитивен исход од операцијата, Бојан Јовановски ќе биде со траен инвалидитет, вели адвокатскиот тим на Боки 13.