Без вода неколку улици во Ченто

Од ЈП “Водовод и канализација“ известуваат дека поради уличен дефект на цевка, ф 80 мм на ул. „Томас Минцер“ бр.8, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Томас Минцер“, „Тодор Чопов“, „Тодор Ецов“ и „Сава Михајлов“ во Ченто.

Според ЈП „Водовод и канализација“ ,прекините во водоснабдувањето ќе траат од 10:10 часот па се до завршување на работите за отстранување на дефектот.