Утре бесплатен паркинг на овие локации во Скопје

Сите паркиралиштата со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, како и паркирањето во зоните А, Б, Ц и Д за кои е надлежен ЈП „Градски паркинг“ во текот на утрешниот ден, на празникот Рамазан Бајрам,  ќе бидат бесплатни за паркирање за сите граѓани.

Како што информираат од „Градски паркинг“ утре наплата за паркирање ќе се врши само во зоната АО на Водно, потоа во катни гаражи „Беко“ и „26ти Јули“, како и на јавните паркиралишта Кочо Рацин, Треска, Градска болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт и на паркиралиштето на Клинички центар.
ЈП „Градски паркинг“ – Скопје на сите граѓани од исламска вероисповед им го честита празникот Рамазан Бајрам, со желби за мир, среќа и благосостојба.

Редовната наплата на сите паркиралиштата ќе продолжи в четврток со вообичаено работно време.