Ни претстои прилично топол викенд

Периодот на сончево, стабилно и суво време ќе продолжи и во наредните денови со пораст на температурата којашто за време на викендот ќе достигне максимална вредност од 30 степени.

Денеска во Македонија преовладува сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Дневната температура ќе достигне до 27 степени.

Во недела на повеќе места ќе дува умерен до засилен северен ветер. Промена на времето со локални врнежи од дожд се очекува кон средината на следната седмица.