Без вода денеска дел од Усје и Карпош

Прекин во водоснабдувањето денеска од девет часот имаат корисниците од улицата „Нобелова“ во Општина Карпош.

Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ соопштија дека прекинот е поради изведување водоводен приклучок фи-100мм на ул.„Нобелова” бр.15 и дека тој ќе трае до завршувањето на работите.

Водоснабдувањето од 8.45 часот денеска е прекинато и за корисниците од ул.„4″ во Усје.

ЈП Водовод и канализација-Скопје информира дека прекинот е поради уличен дефект ф 80 мм на ул. „4“ бб во Усје и ќе трае до неговото санирање.