Бендот „Cruel“ ќе го промовира новиот албум во МКЦ во четврток

Бендот „Cruel“ имаат нов албум наречен „Подобар свет“. 

Тие ќе настапат во живот и воедно ќе го промовираат албумот во Младинскиот културен центар, на 03.11.2022 (четврток). 

Од МКЦ информираат дека настанот е бесплатен и ги повикуваат сите заинтересирани да ги слушнат новите песни на бендот.