Базар на љубов и вино или мистичен тарот Валентајн? Одберете сами во “Скопје Сити Мол“

Во пресрет на денот на вљубените и денот на виното и лозјето, во “Скопје Сити Мол“ од 9 до 14 февруари ќе бидат организирани многу активности за сите посетители. Сите оние што ќе дојдат во молот ќе имаат шанса да ја посетат специјално подготвената поставка, каде што ќе има организирано љубовно гледање на тарот-карти.

Посетителите ќе имаат можност да дознаат што кријат за нив картите на љубовта и да станат учесници во трката за подароци. Но, во игра се и сите оние што ќе ја преземат/отворат апликацијата “MojCityMall“ на својот мобилен телефон и ќе ги пронајдат и скенираат QR-кодовите на петте букви што го формираат зборот ЉУБОВ. Овие кодови се поставени на неколку различни локации во молот, а наградите се оригинални и детално организирани: романтична вечера, љубовен состанок во “Синеплекс“ или ваучер за подарок од “Скопје Сити Мол“. Воедно, во овој период ќе биде отворен и шестдневен “Базар на љубовта и виното“.

На големиот базар, ќе земат учество преку 50 современи ракотворци и ќе се претстават неколку мали домашни винарии. Посетителите ќе имаат исклучителна можност да ги дегустрираат македонските вина и да си обезбедат уникатни креации, кои рачно ги имаат изработено мајстори – креативци. Рачно направени колачиња и чоколади, декорирани со свежи цвеќиња во духот на вљубените, кожени модни додатоци, накит, љубовни сувенири, веганска козметика за природна нега, шарени керамички приказни, еколошки восочни обвивки, рачни везови и што ли уште не…

Самите креативци за своите ракотворби изјавија: „Раскажуваме шарени визуелни приказни, со убав почеток и крај, приказни што долго ќе се паметат и со радост ќе се раскажуваат“. „Скопје Сити Мол“ е повторно поддршка на модерните занаетчии што рачно изработуваат автентични креации. Благодарение на сите овие активности и случувања, едно е сигурно – ќе ви биде екстра забавно и ве очекуваат незаборавни моменти во “Скопје Сити Мол“: дружење, забава, шопинг и многу љубов.