Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, упати честитка за денешниот празник.
Таа истакна дека делото на Св.Климент, преставува добар пример за тоа како со труд и искрена посветеност се постигнува многу и може да се придонесе за општество базирано на принципи и вредности.
-Само со труд, пожртвуваност и посветеност може да направиме добри дела, за нашето Скопје, нашата Македонија и нашиот народ, со меѓусебно почитување и постојана работа. Денешниот ден, денот кога го празнуваме најголемиот просветител Св.Климент, нека биде ден кога ги чествуваме просветителите и учителите, сите кои како и Св.Климент не учат на најважните принципи во животот - чесност, труд, непокор и посветеност. Дозволете денешниот голем ден да го честитам на Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, Светиот Синод при Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија и на сите граѓани на градот Скопје и Република Македонија - порача градоначалничката.