Арсовска: Само со труд, пожртвуваност и посветеност може да направиме добри дела

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, упати честитка за денешниот празник. 

Таа истакна дека делото на Св.Климент, преставува добар пример за тоа како со труд и искрена посветеност се постигнува многу и може да се придонесе за општество базирано на принципи и вредности.

-Само со труд, пожртвуваност и посветеност може да направиме добри дела, за нашето Скопје, нашата Македонија и нашиот народ, со меѓусебно почитување и постојана работа. Денешниот ден, денот кога го празнуваме најголемиот просветител Св.Климент, нека биде ден кога ги чествуваме просветителите и учителите, сите кои како и Св.Климент не учат на најважните принципи во животот - чесност, труд, непокор и посветеност. Дозволете денешниот голем ден да го честитам на Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, Светиот Синод при Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија и на сите граѓани на градот Скопје и Република Македонија - порача градоначалничката.