Арсовска негира, приватниците си ги бараат парите: УЈП утврди милионски долг на ЈСП

Приватните превозници се повлекоа од улиците на Скопје, откако добија ветување од премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски дека ќе имаат средба, а сега тврдат дека Управата за јавни приходи (УЈП) го утврдила долгот на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) - „Скопје“.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска претходно негираше дека ЈСП „Скопје“ имаат долг кон приватните превозници, но сепак првиот човек на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски објави дека Град Скопје само на нив им должи над милион евра.

- Заврши контролата на УЈП во Слобода Превоз и видено од записникот не се констатирани никакви неправилности, криминали , полнење приватни џебови и сл. Но, констатирано е дека ЈСП си има долг кон Слобода Превоз од над ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА, објави Јовановски.