Апсење за дрога во Скопје, полицијата приведе две лица

Полицијата вчера апсеше за дрога во Скопје. Во два одделни случаи уапсени се две лица. 

- На 22.03.2024 во 16.20 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар – Бит Пазар го лишиле од слобода Л.Б.(23) од Република Албанија затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

- На 22.03.2024 во 23.25 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.А.(40) од Куманово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.