Апсење за дрога низ цело Скопје, дилерите се млади мажи

Вчера и денеска по полноќ, полицијата апсеше за дрога на повеќе локации низ Скопје. 

Денеска (09.03.2024) во 01.15 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.У.(38) од Гостивар затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

Денеска (09.03.2024) во 04.00 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. 

Денеска (09.03.2024) во 02.50 часот во спортска сала на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Н.(30) од Р.Косово затоа што кај него биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја. 

На 08.03.2024 во 15.00 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.С.(35) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

На 08.03.2024 во 16.50 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Г.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

На 08.03.2024 во 15.40 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.А.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

На 08.03.2024 во 21.55 часот на подрачјето на Чаир во Скопје, полициски службеници од Едницата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ј.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на сите одделни случаи ќе следуваат соодветни поднесоци против сторителите.