Алфа сторија: 60-годишна жена скршила рака па на клиника починала, но никој не знае од што

Повеќе од два месеци не знаат ниту од што ја лечеле, ниту од што починала 60 годишната скопјанка на Клиниката за торакална хирургија, обвинува семејството кое лута во здравствениот лавиринт по одговори. Завршила на Карил бидејќи скршила рака, но откако ја преместиле пациентката на Торакална, по само две недели таа починала.

Семејството побарало обдукција, но од денот на смртта на 4 септември, па наваму никој од персоналот на клиниката не кажува, ниту пак потпишува од што починала жената. Според семејството, обдукцијата е направена, но извештај уште не добиле. Директорот на Торакална, Неџат Јакупи, како и директорот на Судска медицина, Александар Станов за сега не се недостапни за одговори на обвинувањата кон нив. Алфа неколку пати се обиде да стапи во контакт и со двајцата.

Сестрата на починатата се уште е во шок и неверување поради скандалозното однесување на директорот и вработените на клиниката.. Откако и јавиле дека пациентката починала, таа истиот ден добила отпусно писмо за сестра и како да е уште жива во кое нема наведено која терапија ја примила.

Повеќе од два месеци Ценова моли кај директорот на Торакална и Судска медицина за да и одговорат која е причината за смртта на сестра.

Голготата почнала во август кога сега починатата скршила рака. Била сместена две недели на Карил. Оттаму со отписно писмо е преместена на торакална хирургија, и од тој момент никој не знае каква терапија примала. За ужасот кои го преживуваат пациентите и односот на персоналот, Ценова како да раскажува хорор приказна преточена на филмско платно.

Целиот текст прочитајте го на Алфа со клик ТУКА.