Алармантно: Скопје повторно е еден од најзагадените градови во светот

Денеска повторно е измерено големо загадување на воздухот во Скопје. Според мерните инструменти на „IQAir“ индексот на загаденост во главниот град на Македонија во 10.00 часот бил 117.

Скопје утрово се наоѓа на 20-то место на листата со најзагадени градови во светот, а во воздухот повторно најприсутни се PM2,5 честичките.

Утрово најзагадено беше во Делхи, Индија, каде што индексот на загаденост е 434 и тоа е опасно по здравје.