Актерската легенда Мето Јовановски денеска слави роденден!

Мето Јовановски, македонскиот театарски, филмски и телевизиски глумец, денеска полни 77 години. 

Тој е роден во 1946 година, на денешен ден. 

Во 1971 година завршил Театарска академија во Софија, Бугарија и истата година се вработил во Драмскиот театар во Скопје. Неговата глумечка кариера започнала на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите. Оттогаш, за многу кратко време, Мето Јовановски се истакнал како еден од водечките драмски уметници во Македонија. 

Јовановски публиката го памети по улогите во „Среќна Нова 49“, „Тетовирани души“, „Опстанок“, „Пред дождот“, „Големата вода“, „До Балчак“, „Моето име е Горан Стефановски“...

Познат е и по серијалот „Македонија Вечна“. 

Гобитник е на бројни престижни награди.