Во „Интермецо бар“ во Скопје вечер со почеток од 19 часот ќе биде промовиран проектот „Ој девојче“ на музичкиот продуцент и диџеј Деловски и етно групата Синтезис кој е издаден на 25 јануари, роденденот на Тоше Проески.
-Голема чест и задоволство ни е да Ви го претставиме нашиот нов проект – колаборација и преработка на една од најпознатите Македонски етно музички изданија „Ој девојче”, на кој што решивме да ги оставиме оригиналните вокали од нашиот најголем непробол – Тоше Проески. Наша цел со ова музичко издание е да се вратат националните и етничките вредности, како и да ја негуваме етно музиката на начин на кој што и доликува. Деловски успеа да го преработи ова издание, да му даде еден нов, модерен сјај и шмек, кој со сигурност ќе стане хит, велат од Синтезис.