Актерот и внук на Мето Јовановски се збогува од својот дедо: Никогаш не ја искористив твојата големина!

Мето Јовановски, неговото величество актерот, вака некогаш стоеја наслови во печатените медиуми за големиот великан на македонското глумиште. Денес величеството останува, но за жал подвлечено поради негвото заминување.

Јовановски на 77 годишна возраст отпатува во вечноста и тоа во време кога возот кон другата димензија има термин за легендите.

Празниот куфер како оној на Илко од „Тетовирање“, не го понесе со себе, но и не го остави празен, туку претежок од се’ она што го направи и оствари досега. Гоемиот Мето замина на пат кон вечноста, пат без повратен билет, во еден правец.

На својот Фејсбук Кирил сега се реши да открие дека иако му бил дедо по мајка, односно нејзин чичко со кој ги носат малешевските корени на родното Панчарево, последното збогум го направи и јавно:

-Никогаш не ја искористив твојата големина и влијание во светот на филмот и театарот за да се фалам и да кажувам по луѓе дека си ми дедо за да придобијам вработување или слично. Никогаш не дојдов да барам помош да ме бутнеш у некој театар или филм . И јас како тебе сам против сите ! Збогум дедо Мето Панчаревец лесна ти земја, напиша Кирил кој најчесто го гледаме како дел од новите македонски народни приказни, како пантонимичар, а го знаеме и како музичар под уметничкото име Марлон Брандо.

Јовановски со повеќе од 60 филмски и телевизиски улоги остави неизбришлив придонес на македонската филмска, телевизиска и театарска сцена. Дел од неговите незаборавни улоги ги одигра во „Тетовирање“, „Пред дождот“, „Најдолгиот пат“, „Деца на сонцето“ и многу други.

За своите театарски, филмски и телевизиски актерски остварувања ги има добиено највисоките државни награди „Свети Климент Охридски“, „11 Октомври“ и „13 Ноември“.

Вечна слава!