Ако оваа годинава направи да копнеете по промени, овој текст е за вас...

Во последните неколку месеци, постојано посакував нешто поинакво. Не сакам да се вратам на животот кој го имав пред пандемијата. Иако сакав нов животен предизвик, сега сфаќам дека во текот на оваа година започнав сосема нови предизвици. Во текот на периодов учев и се менував и се прилагодував на околностите со цел да преживеам во оваа атмосфера. 

Ок е да бидете исплашени. И јас сум исплашена. Толку многу промени се случија периодов, како на поединечно, така и на колективно ниво, што е речиси невозможно да не чувствувате страв. Нашите животи драстично се променија во многу краток период. Сето ова беше многу трауматично за нас. Овие околности додадоа повеќе стрес во нашите животи. 

Одморете. Нашите тела постојано ги примаат сите случувања во нашите животи и потребно им е време да се ослободат. Кога ќе си дозволиме на себеси да процесираме сè што се случува, тогаш си оставаме простор да разбереме и да оздравиме. Посветете се на спиењето, на пиење чај, на гасење на технологијата и правете го она што ве смирува. Со тоа што ќе го правите ова, вие велите „ЈАС ВРЕДАМ“ и ова е најсилната и најважната порака која може да си ја дадете во променливи времиња. 

Следете ја вашата интуиција. Сите насоки веќе се наоѓаат во вас. Колку повеќе ја почитувате таа сила во вас, толку полесно ќе можете да ги промените вашите животни насоки кога ќе налетате на пречки. Оваа поврзаност ќе ви дозволи полесно да танцувате низ светот. Со тоа што ќе се слушате себеси, ќе имате живот каков што посакувате и заслужувате.

И за крај, една мисла која вреди да ја запомните: „Не преживуваат најсилните, ниту најинтелигентните видови, туку оние кои се најдобро се приспособуваат на промени.“ ~ Чарлс Дикенс